Италија тагува: Почина Салваторе „Тото“ Скилачи

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Италија тагува: Почина Салваторе „Тото“ Скилачи

По долга борба со ракот, на 59 годишна возраст почина легендата на италијанскиот фудбал, Тото Скилачи. Тој беше пренесен во болница во Палермо пред неколку дена поради влошување на состојбата каде му биле направени дополнителни прегледи, со оглед на тоа што претходно му беше дијагностициран тумор на дебелото црево. Својот најголем момент во кариерата го имаше на Светското првенство во 1990 година каде беше најдобар стрелец на тоа првенство и Италија го освои третото место. Во својата кариера имаше играно за Јувентус и Интер, а играше уште и за Месина и вкупно има постигнато над 200 голови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.