September 8, 2025 | | Свет
Италија ризикува да ја загуби организацијата на Европското првенство во 2032 година поради застарената инфраструктура и недостиг на конкретни планови за модернизација на стадионите. Иако УЕФА ја избра оваа земја заедно со Турција како ко-домаќин на шампионатот, засега нема најави за нови проекти или реновирања. Исклучок се Олимпискиот стадион во Рим и Алијанц арената во Торино, додека најголем дел од останатите објекти се дотраени и датираат уште од Светското првенство во 1990 година – последниот голем турнир кој Италија сама го организираше. Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, предупреди дека состојбата е алармантна: „Имаме само шест стадиони изградени или реновирани во последните 15 години. За споредба, Франција има 12, а Турција дури 33.“ Во меѓувреме, Турција последната деценија изгради бројни модерни стадиони, со што испраќа јасна порака дека е многу подобро подготвена за организацијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |