Италијанецот не сака во Мадрид: „Јувентус е мојот Реал“

October 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Италијанецот не сака во Мадрид: „Јувентус е мојот Реал“

Реал Мадрид има огромни проблеми со повредите во одбраната каде наскоро се очекува да се врати Алаба на кого ќе му треба време за да фати ритам, Милитато се уште е повреден, а сезоната за Карвахал е завршена. Наводно, една од опциите за Реал Мадрид бил Андреа Камбијасо од Јувентус. Но очигледно, Камбијасо не сака да слушне за било каков трансфер. „Јуве е мојот Реал. Го продолжив договорот до 2029 година и сакам да останам овде што е можно подолго“, рече Камбијасо. Тој дојде во Јувентус пред две години од Џенова за 13 милиони евра, а откако една сезона помина на позајмица во Болоња, стана редовен член на првиот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.