Избегната трагедија: Фалкао за малку ќе го изгубил шестчленото семејство, куќната помошничка е херој!

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Избегната трагедија: Фалкао за малку ќе го изгубил шестчленото семејство, куќната помошничка е херој!

Малку фалело да се случи голема трагедија во семејството на Радамел Фалкао. Имено, во домот во Богода имало голема драма кога дошло до истекување на плин и куќата се наполнила со штетни гасови. Во моментот кога се случило тоа, сопругата на Радамел, Лорелеј Тарон и петте деца се затруле и итно биле хоспитализирани. Во куќата до нив престојувале и неговите двајца братучеди, а ги спасила куќна помошничка која навреме реагирала и ја спасила ситуацијата. Фалкао им се заблагодари на навивачите за поддршката и упати извинување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.