Изби првата „војна“ меѓу Чаби Алонсо и Реал: Не сакаат да му ја исполнат желбата

June 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Изби првата „војна“ меѓу Чаби Алонсо и Реал: Не сакаат да му ја исполнат желбата

Иако мандатот на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид штотуку започна, веќе се појавуваат првите знаци на несогласување меѓу новиот стратег и управата на клубот, пренесува шпанската „Марка“. По разочарувачкото деби и ремито против Ал Хилал на Светското клупско првенство, Алонсо побарал конкретно засилување во средниот ред – позиција што, според него, е клучна за имплементирање на неговата фудбалска филозофија. Но, клубот брзо му ставил до знаење дека засега нема простор за нови играчи. Ставот на челниците е дека во тимот веќе има доволно опции на средината од теренот, а фокусот е на стабилизирање на постоечката структура. Оваа разлика во перцепциите – меѓу визијата на Алонсо и плановите на спортскиот сектор – доаѓа во многу чувствителен момент, кога тренерот се обидува да го наметне својот печат и да изгради нова динамика во екипата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.