July 3, 2024 | | Свет
Португалија успеа после пенали да се пласира во четвртфиналето каде ја совладаа Словенија. На тој натпревар Кристијано Роналдо доживеа сѐ, од тага па до среќа. Тој сеуште покажува неверојатна желба за успех, а тоа особено се виде на овој дуел.
Најпрво во 105. минута Облак му одбрани пенал, но после завршувањето на продолженијата каде се шутираа пенали, Роналдо излезе како победник во нивниот втор дуел на белата точка таа вечер.
Медиумите објавија интересна фотографија на која се гледаат отчукувањата на срцето на Роналдо за време на натпреварот против Словенија, а особено фокусот е на времето по крајот на продолженијата и за време на пеналите.
На крајот на продолжението во регуларниот дел пулсот на Роналдо беше 170, а потоа почна драстично да паѓа. Најголемо изненадување или доказ за неговата присебност во клучни моменти е тоа што кога требаше да шутира имаше најнизок пулс. Во тие моменти Роналдо имаше само 100 отчукувања на срцето, откако погоди му скокна на 150, а потоа пак паѓаше сè до моментот кога Португалците го дадоа победоносниот гол и пулсот пак се качи на 170.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |