Изненадување во Барселона: Реал претрпе пораз кај Еспањол! (ВИДЕО)

February 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Изненадување во Барселона: Реал претрпе пораз кај Еспањол! (ВИДЕО)

Еспањол приреди вистинска сензација во 22. коло од Ла Лига, совладувајќи го актуелниот шампион и лидер на табелата, Реал Мадрид, со минимални 1-0. Реал пристигна на овој натпревар со серија од четири последователни победи, а враќањето на Винисиус по суспензијата беше дополнителен поттик за тимот на Анчелоти. Бразилецот успеа да ја затресе мрежата во првото полувреме, но неговиот погодок беше поништен поради прекршок на Мбапе врз домашен дефанзивец. Како што одминуваше времето, „кралевите“ играа сè поофанзивно, но тоа им се одби од глава во 85. минута, кога Еспањол реализираше одличен контранапад. Карлос Ромеро беше на вистинското место и со прецизен волеј удар го совлада гостинскиот голман, носејќи голема радост на домашните навивачи. По овој пораз, Реал Мадрид останува со само еден бод предност пред Атлетико Мадрид, во пресрет на градското дерби кое ќе се игра наредниот викенд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.