August 19, 2024 | | Свет
Тиери Анри повеќе не е селектор на младата репрезентација на Франција. Ова дојде како изненадување, но за некои можеби е и логично поради поразот кој Франција го претрпе во финалето на Олимските игри каде Анри беше тренер. „Овој медал засекогаш ќе биде едно од главните достигнувања во мојот живот. Тоа ми донесе огромна радост. Среќен сум и благодарен на федерацијата, играчите и навивачите за ова магично искуство“, изјави Анри. Како причина за неговото заминување беше наведено дека тој заминал поради приватни причини. Анри претходно беше тренер во Монако и Монтреал, но и асистент во белгиската репрезентација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |