September 18, 2024 | | Свет
Гонзало Монтиел се најде во огромен проблем. Имено, тој ќе мора да оди на психолошка проценка, а истата му е наложена од судот. Тој е осомничен дека ја силувал својата поранешна партнерка која тврди дека Монтиел и неговите пријатели ја дрогирале и ја силувале во Аргентина во 2019 година. Обвинителството допрва ќе одлучи дали ќе покрене постапка или не, а Аргентинецот бил повикан на дополнително вештачење. Според зборовите на нејзиниот адвокат, таа нема докази, односно слики за настанот бидејќи била дрогирана. За потсетување, Монтиел беше играчот од редовите на Аргентина кој последен го шутираше пеналот против Франција на Светското првенство во 2022 година и кој успеа на својата нација да ѝ го донесе најголемиот трофеј во фудбалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |