September 27, 2024 | | Свет
Џордан Хендерсон од секогаш бил познат како борбен играч и голем работник на теренот. Неговиот тим Ајакс славеше убедливо со 4-0 против Бешиткаш, а Хендерсон во една ситуација покажа дека не сака да гледа како неговите играчи прават глупави потези. Иако водеа со дури три гола разлика, Англичанецот имаше што да му каже на Бертран Траоре за грешката која ја направи на својата половина каде реши да дрибла. Тој успеа ептен да го изнервира Хендо, па а останатите играчи се погрижија конфликтот да не прерасне во нешто големо. „Ако сте ме гледале низ годините, тоа е сосема нормално за мене. Ова е фудбал, сакаме да победуваме и да бидеме подобри! Ако примевме гол, ќе имаше уште доста време за противникот. Понекогаш си разменувате зборови со соиграчите, но тоа е за доброто на тимот. Вакви потези покажуваат дека сите се максимално ангажирани за тимот“, изјави Хендерсон. Видеото можете да го погледнете ТУКА
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |