Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер!

October 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер!

Ламин Јамал е добитник на „Копа Трофејот“. Оваа награда се доделува на играчот со најдобри перформанси ширум светот на возраст под 21 година за време на заедничката церемонија со „Златната топка“. Во последните четири години, дури во три наврати ја освојуваа играчи на Барселона. Во 2021 година тоа беше Педри, во 2022 година Гави, а сега Јамал е добитник на оваа награда. На второто место заврши Арда Ѓулер, по него е Коби Меино, Савињо и на петата позиција заврши Пау Кубарси. Јамал воедно заврши и во топ 10 во изборот за „Златната топка“ со што стана најмладиот играч во историјата кој го направи тоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.