Јамал ги „боцна“ Белингам и Рамос: Ајде, ставете лајк и тука! (ФОТО)

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал ги „боцна“ Белингам и Рамос: Ајде, ставете лајк и тука! (ФОТО)

Барселона славеше во возбудливо „Ел Класико“ против Реал Мадрид со 4-3, и покрај тоа што губеше со 0-2 рано во натпреварот, направи огромен чекор кон титулата во Ла Лига. Каталонците експресно се вратија по почетниот шок и до крајот на првото полувреме постигнаа дури четири гола, демонстрирајќи зрелост и ефикасност во најважните моменти. Еден од клучните играчи беше тинејџерот Ламин Јамал, кој со погодокот за 2-2 го врати Барса во игра. По натпреварот, младиот талент не само што беше јунак на теренот, туку и предизвика внимание на социјалните мрежи. Тој иронично се обрати до Џуд Белингам и Серхио Рамос, кои неодамна „лајкнаа“ објава од Алесандро Бастони, во која Јамал беше прикажан поразен по елиминацијата од Лигата на шампиони. „Ставете лајк и тука…“, напиша Јамал со насмевка, додавајќи фотографија од славјето по победата во дербито.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by @lamineyamal

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.