Јамал го откри најтешкиот противник со кој се соочил: Тежок противник за надминување

December 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал го откри најтешкиот противник со кој се соочил: Тежок противник за надминување

Ламин Јамал со своите 17 години веќе е голема ѕвезда во светскиот фудбал. Тој уште од рана возраст, влезе во сениорските води како член на Барселона и шпанската репрезентација, и веќе се бори на најголемата сцена, како на клупско така и на репрезентативно ниво. Иако не е полнолетен, Јамал веќе се наметна како еден од најдобрите млади играчи во светот. Со своите феноменални изданија на теренот, тој брзо ја освои јавноста и се очекува дека пред него е уште поуспешна иднина. Сепак, јасно е дека за да се стигне до врвот, мора да се оди чекор по чекор, со освојување на сите предизвици што доаѓаат. Еден од најголемите предизвици што Ламин Јамал го имал на теренот е германскиот репрезентативец и соиграч на Елиф Елмас во РБ Лајпциг, Давид Раум. Јамал го истакнува Раум како тежок противник, особено на Европското првенство, каде што германскиот лев бек му создал големи проблеми. „Давид Раум, левиот бек за Германија и РБ Лајпциг. Цврст, жесток дефанзивец. На Европското првенство во четврт-финалето против Германија се покажа како тежок противник за надминување,“ изјави Ламин Јамал за „Тутоспорт“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.