Јамал ќе има нов број на дресот, „десетката“ не ја сака!

July 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал ќе има нов број на дресот, „десетката“ не ја сака!

Ламин Јамал е вистинска сензација во моментов во светскиот фудбал. Младиот талент кој е од школата на Ла Масиа имаше одлично Европско првенство каде покажа за каков талент се работи. Неговиот гол против Франција беше избран за најубав гол на ова Европско првенство каде патем стигна и до трофејот со само 17 години и еден ден. Минатата сезона, Ламин Јамал настапуваше со дресот број 27 на својот грб, а во новата сезона ќе има нова бројка на грбот. Барселона денеска потврди дека тој ќе го носи бројот 19. Токму овој број Јамал го носеше на Европското првенство и му донесе многу среќа и играше одлично. Иако наводно му била понудена „десетката“ на Меси, Јамал го одбил овој број на дресот а кој воедно со себе носи огромна тежина па можеби оваа одлука е и правилна. Ако Ансу Фати остане дел од Барселона, „десетката“ ќе биде негова.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.