March 17, 2025 | | Свет
Ламин Јамал уште еднаш докажа дека е играч за големи натпревари, иако има само 17 години. Шпанскиот репрезентативец блеска во дресот на Барселона, играјќи клучна улога во борбата за три трофеи. Долго време никој не забележа дека бил во серија од 12 натпревари без постигнат погодок во Ла Лига – скоро пет месеци без гол. Неговата последна реализација во првенството беше на 26 октомври, во триумфот на Барса со 4-0 во Ел Класико. Иако во меѓувреме се запишуваше во листата на стрелци во Лигата на шампионите, Купот и Суперкупот на Шпанија, во Ла Лига не успеваше да го најде патот до мрежата. Сепак, сушата ја прекина во совршен момент – во финишот од дуелот против Атлетико Мадрид при резултат 2-2, носејќи ѝ предност на Барселона. Покрај тоа, Јамал е најдобриот асистент во Ла Лига со 11 завршни додавања, единствен со двоцифрена бројка во оваа категорија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |