Јамал: Сакам да ги освојам ЛШ, Ла Лига и Мундијалот пред да наполнам 21 година!

December 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал: Сакам да ги освојам ЛШ, Ла Лига и Мундијалот пред да наполнам 21 година!

Младиот шпански талент, Ламин Јамал, има амбициозни планови за својата фудбалска кариера и сака да ја наполни витрината со големи трофеи. По освојувањето на титулата европски шампион со репрезентацијата на Шпанија, неговата следна голема цел е да се закити со трофејот на Светското првенство. Но, Јамал не се задоволува само со репрезентативни успехи. Тој има големи амбиции и во клупскиот фудбал, а на првото место му е освојување на Лигата на шампиони со Барселона, како и две титули во Ла Лига. Со таков дух и фокус, јасно е дека Ламин Јамал планира да биде еден од најголемите фудбалски асови во следните години. „Сакам да ја освојам Лигата на шампиони, две титули во Ла Лига и Мундијалот пред мојата 21. Година“, изјави Јамал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.