Јамал сакаше да го трола Мбапе со маска од нинџа-желка! (ВИДЕО)

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал сакаше да го трола Мбапе со маска од нинџа-желка! (ВИДЕО)

Ламин Јамал игра одлично Европско првенство со само 16 години. Тој постигна прекрасен гол против Франција каде со неговиот гол успеа да ја врати Шпанија во игра. Пред натпреварот, Рабио го провоцираше Јамал дека ќе треба против Франција да покаже малку повеќе. Јамал му одговори со гол, а по натпреварот сакаше да го трола и Мбапе. Јамал се појавил во микс-зоната со нинџа-желка маска, но одговорното лице за пи-ар во шпанската Федерација не дозволил Ламин да даде изјава онака какошто замислил. На видеото се гледа дека Ламин се насмевнува во моментот кога му е одземена маската, па очигледно е дека сакаше да го трола и Мбапе по победата од 2:1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.