October 9, 2024 | | Свет
Барселона викендот убедливо славеше со 3-0 на гостувањето кај Алавес каде Левандовски постигна три гола. Воедно, натпревар за заборав имаше младиот Ламин Јамал на кого не му одеше од рака на тој натпревар по што во текот на натпреварот беше и заменет. Тој прилично разочаран седеше на клупата, а многумина тврдеа дека му се налутил на тренерот Флик што го извадил од игра. Но, самиот Јамал рече дека бил лут бидејќи не одиграл добро и воопшто не бил нервозен поради тоа што беше заменет. „Бев лут по мечот со Алавес поради мојот настап. Знам дека можев да одиграм подобро. Тренерот Флик ме праша дали сум бил лут затоа што ме извадил, но не, бев лут бидејќи не му помогнав на тимот како што сакав да му помогнам“, вели Јамал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |