Јамал во ПСЖ ниту за 250 милиони евра!

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал во ПСЖ ниту за 250 милиони евра!

Со само 16 години, Ламин Јамал прво настапувајќи за Барселона, а сега и на Европското првенство се потврди како еден од најголемите светски таленти. Како што дознава „Mundo Deportivo“, до Барса стигнала информација дека ПСЖ би бил подготвен да издвои 250 милиони евра за да се обиде да го ангажира Ламин. Барса, пак, вели не може да се преговара: Ламине во никој случај не е на продажба. Минатиот март, претседателот на Барса, Жоан Лапорта, во интервју за Barça One откри дека Барса веќе „одбила понуда за Ламин од 200 милиони евра“. Овој весник тогаш пренесе дека клубот што ја испратил таа вртоглава понуда е ПСЖ, истиот кој сега е подготвен да ја зголеми цената за 50 милиони повеќе. ПСЖ го гледа Јамал како идеален играч за почеток на ерата по Килијан Мбапе, кој потпиша за Реал Мадрид.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.