December 28, 2024 | | Свет
Младиот и талентиран Ламин Јамал станува се позначаен фудбалер за Барселона, иако уште има само 17 години. Сепак, неговиот потенцијал и квалитет му даваат сигурност да се обиде да направи нешто големо во кариерата. Младото шпанско чудо не се плаши од големи амбиции и цели. Тој веќе ги откри своите планови и предизвици за 2025 година, кои ги поставил пред себе. „Оваа година Барса не успеа да освојува колективни титули, што најмногу ме разочара, но ќе се обидеме да го освоиме се што можеме – Лигата, Купот, Лигата на шампионите… Се што ќе ни се понуди. Мојата цел е да постигнувам повеќе голови. Направив голем напредок во асистенциите, па тоа сега е мојот предизвик“, изјави Ламин. Во досегашниот дел од сезоната, на 21 натпревар за Барселона, Јамал постигна 6 голови и 12 асистенции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |