Јунајтед бара стопер: Го одбраа Де Лихт!

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед бара стопер: Го одбраа Де Лихт!

Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го потпише стоперот на Баерн Минхен, Де Лихт. Тие го гледаат како одлична опција каде Јунајтед е во активна потрага по нов стопер бидејќи ќе мора да биде пополнето местото на Варан кој заминува од Манчестер. Клубовите допрва ќе преговараат, а тој е на радарот на Јунајтед уште во времето кога играше за Ајакс, пишува новинарот Дејвид Орнстин од „The Athletic“. Тен Хаг го одобрува овој потенцијален трансфер каде тие соработуваа во клубот од Амстердам. Де Лихт има договор до 2027 година, но неговата цена би била пореалистична отколку онаа на Брентвајт од Евертон за кого Јунајтед преговара, а Орнстин пишува дека оваа операција е независна од онаа на стоперот од Евертон.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.