Јунајтед е на чекор од потпишување на крило-бек од Серија А

January 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед е на чекор од потпишување на крило-бек од Серија А

Манчестер Јунајтед не се откажува од потпис на крило-бекот на Лече Патрик Доргу и испрати понуда за него од 30 милиони евра. Во раководството на „црвените ѓаволи“ се надеваат дека ваквата понуда ќе биде доволна бидејќи претходно Лече бараше 40 милиони евра. Ако Доргу потпише за Јунајтед, тоа ќе биде првото засилување на Рубен Аморим откако седна на клупата на тимот од Манчестер. Се претпоставува дека Доргу ќе се снајде добро во формацијата на Аморим 3-4-2-1. Тој има само 20 години и досега има четири настапи за селекцијата на Данска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.