October 28, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед работи на пронаоѓање на замената на Тен Хаг откако денес решија да се разделат со него. „Црвените ѓаволи“ се обидуваат да постигнат договор со тренерот на Спортинг Лисабон Рубен Аморим, пренесува новинарот Дејвид Орнстин од „The Athletic“. Извори од Португалија тврдат дека наводно Аморим е отворен за ваквата можност. Јунајтед е спремен да ја плати неговата откупна клаузула од 10 милиони евра. Аморим претходно беше еден од кандидатите за тренер на Ливерпул, но сепак изборот падна на Арне Слот. Потоа, Аморим преговараше и за да стане тренер на Вест Хем по што подоцна призна дека не требало да преговара со тимот од Англија и им се извини на фановите на Спортинг. Тој изгради репутација како тренер кој е познат по работата со младите фудбалери. Неговиот стил на игра е висок пресинг, флексибилен напаѓачки пристап и цврста дефанзива.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |