October 15, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед продолжува да ги намалува трошоците во клубот, а последната нивна одлука е да го прекинат мулти-милионскиот договор на Сер Алекс Фергусон. Откако престана да биде тренер во 2013 година, Фергусон остана во клубот и беше гловален клупски амбасадор и директор на клубот каде имаше и плата. Во однос на тоа колку заработувал, има само еден достапен податок од 2014 година каде тој како амбасадор зел околу два милиони фунти, а таквиот ангажман траеше преку деценија. Сепак, компанијата „ИНЕОС” која раководи со клубот одлучи на Фергусон да му ја остави функцијата неизвршен директор на клубот и вратите на стадионот секогаш ќе бидат отворени за него. Иако можеби многу фанови очекуваа отказ на Тен Хаг, очигледно е дека барем во моментов неговото место е сигурно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |