Јунајтед го скрши отпорот на ПАОК, Диало двоен стрелец! (ВИДЕО)

November 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед го скрши отпорот на ПАОК, Диало двоен стрелец! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа во Европа Лигата и тоа против ПАОК со 2-0 на „Олд Трафорд“ каде двоен стрелец беше Амад Диало. Претходно, Јунајтед играше нерешено со Твенте, Порто и Фенербахче. И двете екипи одиграа очајно прво полувреме каде немаше некои конкретни шанси, а во второто домаќините успеаа да го скршат отпорот на грчкиот тим. На самиот почеток на второто полувреме стрелаше Диало на асистенција на Бруно, а во 77. минута исто така Диало стрелаше и ја потврди победата. Јунајтед сега има шест бода и се наоѓа на 15. место во ова натпреварување. Следниот натпревар повторно ќе биде на домашен терен и тоа против Бодо/Глимт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.