Јунајтед и Астон Вила одиграа без голови, кикс и на Челси (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед и Астон Вила одиграа без голови, кикс и на Челси (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа без голови во еден слаб натпревар. Во текот на целиот натпревар се чинеше дека двете екипи се задоволни со по еден бод, па од тука слободно може да се каже дека натпреварот потфрли токму поради претпазливоста на двата тима. Не може да биде задоволен и Челси кој одигра нерешени 1-1 против Нотингем Форест на „Стемфорд Бриџ“. Од 78. минута гостите играа со играч помалку поради црвениот картон на Џејмс Ворд-Праус. Гостите дојдоа во водство со голот на Вуд во 50.минута, но Мадуеке во 57.минута успеа да израмни на 1:1. Треба да се истакне и огромната шанса која Нотингем ја имаше, но голманот Роберт Санчез го спаси домашниот тим од пораз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.