Јунајтед и Челси ги поделија бодовите на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

November 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед и Челси ги поделија бодовите на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Челси одиграа нерешени 1-1 на „Олд Трафорд“ во рамките на 10. коло во Премиер лигата. Натпреварот на моменти беше возбудлив и отворен каде и двете екипи имаа свои шанси. Бруно Фернандес го постигна голот за „црвените ѓаволи“ од пенал во 70. минута откако голманот Санчез направи прекршок врз Расмус Хојлунд. Моисес Каиседо возврати само четири минути подоцна со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот со кој беше поставен конечниот резултат. Кога ќе се земе се, се чини дека и двете екипи заслужија по еден бод. Манчестер Јунајтед сега се наоѓа на 13. место и има 12 бода, а Челси се наоѓа на 4. место и има 18 бода, исто како Арсенал и Астон Вила.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.