Јунајтед и Јуве преговараат за трампа: Влаховиќ во Манчестер, Зиркзе назад во Италија

January 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед и Јуве преговараат за трампа: Влаховиќ во Манчестер, Зиркзе назад во Италија

Јувентус и Манчестер Јунајтед разгледуваат опција за размена на напаѓачи, при што Душан Влаховиќ би се преселил на „Олд Трафорд“, а Џошуа Зиркзе би заминал во Торино, пишува новинарот Енрико Камелио од Radio Lo Sport. Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, добро го познава Зиркзе, со кого соработуваше додека двајцата беа дел од Болоња. Од таму, младиот напаѓач летоска се приклучи на Манчестер Јунајтед. Во тековната сезона, Зиркзе има одиграно 27 натпревари, со учинок од четири постигнати голови и две асистенции. На спротивната страна, српскиот напаѓач Влаховиќ има многу подобри бројки – 12 голови и две асистенции во 22 натпревари. Бидејќи договорот за продолжување со Јувентус не е постигнат, оваа размена добива на тежина. Во случај да се реализира трансферот, Манчестер Јунајтед најверојатно ќе треба да додаде финансиска компензација за да го донесе Влаховиќ во своите редови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.