May 8, 2025 | | Свет
Англија повторно ќе има свое внатрешно европско финале, откако Манчестер Јунајтед и Тотенхем со стил си закажаа мегдан во Лигата на Европа. Финалниот судир е закажан за 21 мај во фудбалскиот храм „Сан Мамес“ во Билбао, каде ќе се одлучува не само новиот шампион на второто по ранг европско натпреварување, туку и патникот во Лигата на шампионите за следната сезона. Манчестер Јунајтед повторно го покажа своето европско лице, убедливо совладувајќи го Атлетик Билбао со вкупни 7-1. Иако Баскијците први се заканија преку Јаурегизар, избраниците на Аморим демонстрираа класа со моќна офанзива во второто полувреме каде Маунт двапати стрелаше, а Касемиро и Хојлунд го комплетираа шоуто на „Олд Трафорд“. Тотенхем пак, во потполно контролиран настап во Скандинавија, не им остави простор за надеж на Бодо/Глимт. Соланке и Поро погодија во клучните моменти, а тренерот Анге Постекоглу доби заслужени пофалби за храбриот, но дисциплиниран пристап што ги однесе „петлите“ до првото европско финале по шест години. Финалето во Билбао ветува фудбалска пресметка на два клуба кои бараат враќање на старата слава и спас на сезоната преку голем европски трофеј. За Манчестер Јунајтед ова би била можност да ја освои својата втора Лига на Европа по 2017, додека за Тотенхем – историска шанса за прв европски пехар во новиот милениум.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |