Јунајтед издржа со играч помалку и на пенали го исфрли Арсенал од ФА Купот! (ВИДЕО)

January 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед издржа со играч помалку и на пенали го исфрли Арсенал од ФА Купот! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед на пенали го совлада Арсенал во 3. коло од ФА Купот во натпревар во кој Јунајтед повеќе од еден час играше со играч помалку и успеа да издржи. Првиот дел беше мирен и без некои одредени шанси и на двете страни каде се играше претпазливо. Затоа пак, во вториот гол имаше сѐ. Шокот на „Емирејтс“ дојде во 52. минута кога после одлично одиграна контра Бруно Фернандеш успеа да погоди на асистенција на Гарначо. Девет минути подоцна следуваше шок за Јунајтед бидејќи Диого Дало доби втор жолт картон поради невнимателен старт. За помалку од две минути Арсенал успеа да се врати во игра и да израмни преку Габриел. Потоа, беше досуден непостоечки пенал за Арсенал кој Одгерад не го искористи. Откако Јунајтед остана со играч помалку, се бранеше грчевито и топката тешко стигнуваше пред нивниот гол. Особено внимание со неговиот настап денеска привлече голманот на Јунајтед Алтај Бајиндир кој имаше неколку одлични интервенции. Арсенал не успеа да дојде до целосен пресврт па се пријде кон продолженија каде тимот на Артета продолжи со опасните напади. И по дополнителните 30 минути, мируваа мрежите на двата тима па следуваа пеналите. Во редовите на Јунајтед погодија Фернандеш, Диало, Јоро, Лисандро и Зиркзе кој последен шутираше, а што се однесува до Арсенал пак, стрелци беа Одегард, потоа Хаверц промаши. Подоцна погодија Рајс и Парти, но на крај се испостави дека Хаверц е трагичарот. Со оваа победа Јунајтед помина во 4. Коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.