Јунајтед конечно реши да го продаде Рашфорд, има две причини за тоа

December 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед конечно реши да го продаде Рашфорд, има две причини за тоа

Според Флоријан Плетенберг од „Sky Sports“ „црвените ѓаволи“ ја разгледуваат можноста да го продадат Рашфорд веќе во јануари. Доколку не успеат да го продадат сега, Јунајтед ќе се обиде да се ослободи од Рашфорд летото. Раководството на Манчестер Јунајтед смета дека животниот стил на напаѓачот и неговите проблеми надвор од теренот негативно влијаат на неговите игри. Покрај тоа, Рашфорд има висока плата, што дополнително го прави кандидат за трансфер. Неговата продажба ќе му помогне на Јунајтед да ослободи простор во платниот буџет и клубот да биде чист пред финансискиот фер-плеј. Со Рубен Аморим на тренерското столче, на Олд Трафорд се очекуваат бројни промени. Шпекулациите за кои играчи ќе бидат продадени, а кои ќе бидат донесени како засилувања, се почесто присутни во медиумите. ПСЖ наводно е заинтересиран за Рашфорд и внимателно го следи неговиот статус на Олд Трафорд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.