Јунајтед најде нов тренер: Аморим им рече „ДА“!

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед најде нов тренер: Аморим им рече „ДА“!

Рубен Аморим ќе биде следниот тренер кој ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед, пренесува Фабрицио Романо. Португалецот во моментов е актуелен тренер на Спортинг Лисабон. Јунајтед се согласил да ја плати неговата клаузула од 10 милиони евра со која Аморим ќе го напушти португалскиот гигант. Спортинг потврди дека Јунајтед ги известил за нивната намера, а Аморим веќе рекол „да“ на понудата на Јунајтед. Трансферот ќе биде комплетиран и потврден оваа недела.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.