January 5, 2025 | | Свет
Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа нерешени 2-2 во рамките на 20. коло од Премиер лигата. Во второто полувреме се случуваше сè што беше интересно на овој дуел, додека првиот дел беше обележан со мирна игра и малку шанси. Мартинез го отвори резултатот во 52. минута, откако ја искористи асистенцијата на Бруно Фернандеш. Ливерпул го израмни резултатот во 59. минута со голот на Холанѓанецот Гакпо. Целосниот пресврт за Ливерпул дојде во 70. минута, кога Салах го реализираше пеналот поради игра со рака на Де Лихт. Конечниот резултат 2:2 го постави Диало десет минути подоцна. До крајот не дојде до промена на резултатот, а ремито изгледаше како најреален исход за она што го гледавме на теренот, бидејќи и двете екипи имаа свои шанси. Слободно може да се каже дека Манчестер Јунајтед позитивно изненади денес и покажа дека знае да се носи и со најдобрите и покрај огромната играчка криза. Двата тима пред самиот крај одиграа офанзивно, а Ливерпул има за што да жали бидејќи Онана во завршницата имаше три одлични интервенции каде ги спречи обидите на Жота, Бредли и на Вирџил ван Дајк. Најубавата шанса за победа сепак ја имаше Манчестер Јунајтед. Зиркзе во 97. минута несебично го проигра Мегваер, но дефанзивецот на Манчестер шутираше над голот. Ливерпул сега има шест бода повеќе од Арсенал и натпревар помалку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |