Јунајтед не се откажува до крај од Гринвуд: Вметната е интересна клаузула!

July 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед не се откажува до крај од Гринвуд: Вметната е интересна клаузула!

Манчестер Јунајтед минатата недела го продаде Мејсон Гринвуд на Марсеј по долги преговори. Марсеј на Јунајтед ќе му плати околу 27 милиони фунти каде вклучени се и бонусите, како и 50% од профитот од следниот трансфер. Но, како што пренесуваат медиумите од Англија, „ѓаволите“ вметнале и една клаузула која можеби ги открива потенцијалните следни планови на Јунајтед. Во договорот со Марсеј, Манчестер Јунајтед вметнал клаузула со која можат да го вратат Мејсон Гринвуд. И покрај тоа што обвинителството не најде доволно докази за да го осуди, Мејсон Гринвуд остана виновен во очите на јавноста. Напаѓачот беше исфрлен од Олд Трафорд откако беше уапсен поради сериозни обвинувања од страна на својата девојка, која тврдеше дека била тепана и принудувана на секс. Од тука се отвара прашањето зошто „ѓаволите“ се решиле на еден ваков потег, и дали сакаат да вратат играч кој нема иднина на Олд Трафорд, или пак ја чуваат онаа опција да имаат одредени права врз него па ако Гринвуд ги оправда очекувањата во Марсеј да можат да го вратат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.