Јунајтед останува без десен бек: Мазрауи мораше на операција!

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед останува без десен бек: Мазрауи мораше на операција!

Нусар Мазрауи ќе биде надвор од терените неколку недели бидејќи му беше откриен проблем со со срцето. Како што пренесе новинарот Николо Шира, Мароканецот имал срцева аритмија, а тоа за него било проблем стар неколку години. Тој успешно поминал низ мала претпазлива корективна процедура откако доживеал палпитации. Фабрицио Романо додаде дека ова е релативно честа состојба кај фудбалерите и се очекува тој целосно да се опорави и да биде достапен за избор во следните неколку недели. Мазрауи засега игра одлично во Манчестер Јунајтед и уште од самиот старт се наметна како прва опција за десната бековска позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.