Јунајтед откри колку чинел отказот на Ерик тен Хаг, а колку ангажманот на Аморим

November 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед откри колку чинел отказот на Ерик тен Хаг, а колку ангажманот на Аморим

„Ѓаволите“ открија колку ги чинела тренерската рокада, која предизвика многу внимание и реакции. Според најновите информации, за отказот на Ерик тен Хаг и неговите помошници, Манчестер Јунајтед одвоил целосни 10,4 милиони фунти. Овој потег беше потребна за да се расчистат патиштата и да се затвори поглавје со холандскиот стратег, кој не успеа да го доведе тимот до посакуваните резултати. За да го донесат новиот стратег, Рубен Аморим пак, „ѓаволите“ вложиле дополнителни 11 милиони фунти. Со ова, англискиот гигант ја покренал новата етапа, вложувајќи сериозна сума во потрагата по нов тренер кој треба да го извади тимот на вистинскиот пат. Рокадата, иако скапа, се смета за неопходна ако Манчестер Јунајтед сака да го врати својот престиж и да се врати на победничките патеки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.