Јунајтед почна да штеди и на редарите: Им го намалиле бонусот, па овие си заминуваат

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед почна да штеди и на редарите: Им го намалиле бонусот, па овие си заминуваат

По преземањето на 25% од сопственоста на Манчестер Јунајтед од страна на сер Џим Ратклиф каде дури деновиве за неколку проценти го зголеми процентот бидејќи реши да инвестира околу 100 милиони фунти, клубот започнал со серија мерки за штедење, меѓу кои и намалување на бонусите за редарите на стадионот. Целта на овие мерки е да се зголеми буџетот за тимот, но на штета на редарите, кои се меѓу најнископлатените членови на персоналот. Претходно, редарите добивале бонус од 100 фунти за секои 10 натпревари, но оваа практика е укината. Многу редари веќе го напуштиле клубот поради новите услови. Франк Робинсон, кој бил редар на „Олд Трафорд“ цели 24 години, изјави дека се решил да си замине поради непочитување. „На некои редари на возраст од 70 години им се доделуваат најтешките позиции, со цел да ги поттикнат да заминат. Наместо нив, сè повеќе се ангажираат луѓе преку агенции“. Дополнително, укината е долгогодишната традиција на наградување на редарите со гравиран часовник по 25 години служба, што претходно го доделуваше сер Алекс Фергусон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.