Јунајтед посакува тројца играчи на Баерн!

October 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед посакува тројца играчи на Баерн!

Манчестер Јунајтед најверојатно ќе се засили уште во јануари, а според новинарот Флоријан Плетенберг, „црвените ѓаволи“ ги следи ситуациите на тројца фудбалери на Баерн Минхен. Станува збор за Леон Горецка, Лерој Сане и Алфонсо Дејвис. Горецка летово беше известен дека тренерот не смета на него, а Германецот во исто време сака да се избори за своето место. Јунајтед планира да се засили со играч од средниот ред, па Горецка е една од опциите. Јунајтед го следи и Сане чиј договор истекува во јуни 2025 година. Крилниот напаѓач во моментов преговара со Баерн Минхен за нов договор, а ако наскоро нема решение, Јунајтед би можел уште во јануари да се обиде да го ангажира. Што се однесува до Алфонсо Дејвис, во моментов нема преговори за нов договор со Баерн Минхен. Неговиот моментален договор истекува во јуни 2025 година, а Јунајтед ја следи неговата ситуација. Според новинарот Плетенберг, клубот смета дека во моментов немаат големи шанси за да го купат Дејвис. Во исто време, Реал Мадрид останува една од неговите опции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.