Јунајтед ремизираше кај Сосиедад, голема победа на Ренџерс во Истанбул (ВИДЕО)

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед ремизираше кај Сосиедад, голема победа на Ренџерс во Истанбул (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед поведе во 57. минута со погодок на Зиркзе, но 13 минути подоцна Ојарзабал од пенал донесе израмнување на 1-1, што воедно беше и конечен резултат на натпреварот. Фенербахче доживеа пораз на домашен терен од Ренџерс со 3-1 и во реваншот во Глазгов ќе се соочи со исклучително тежок предизвик. Шкотскиот тим дојде до водство уште во седмата минута преку Десерс, а Фенербахче успеа да изедначи во 30. минута со гол на Џику. Сепак, на три минути пред крајот на првиот дел, Черни повторно ја донесе предноста за Ренџерс, а истиот играч во 81. минута ги постави конечните 3-1. Гостински триумф од 3-1 забележа и Лион на гостувањето кај ФКСБ во Романија, додека АЗ Алкмар со минимални 1-0 го совлада Тотнем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.