January 1, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна криза, со резултати што ги приближуваат повеќе до зоната за испаѓање отколку до борбата за место во Европа или за титулата. Промената на тренерското место, каде Рубен Аморим го замени Ерик тен Хаг, засега не донесе посакуван ефект, бидејќи тимот претрпе пет порази во последните шест натпревари во Премиер лигата. На „Олд Трафорд“ се очекува голема реконструкција, а британските медиуми известуваат дека Аморим веќе се одлучил за тројца играчи на кои повеќе нема да смета. Овие фудбалери треба да заминат уште во јануарскиот преоден рок, за да се создаде простор за нови засилувања. Најистакнато име меѓу нив е Касемиро, кој беше донесен од Реал Мадрид за 70 милиони евра, но слабите партии и потребата за финансиски флексибилност го прават неговото заминување приоритет. Покрај Касемиро, на списокот за продажба се и Кристијан Ериксен, кој пристигна како слободен агент од Брентфорд пред две години, како и Виктор Линделоф, кој е дел од тимот од 2017 година. Овие промени би требало да го означат почетокот на нова ера за „црвените ѓаволи“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |