July 29, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед сака сериозно да ја засили одбраната со двајца фудбалери за кои веќе подолго време преговара. Едниот е Де Лихт, а другиот е Мазрауи. Со Де Лихт Јунајтед одамна има постигнато договор, но проблем е што Јунајтед не сака да плати околу 50 милиони фунти за него, цена која Баерн Минхен ја бара. Преговорите продолжуваат и се очекуваат нови информации околу оваа сага. Со Мазрауи пак, се чини дека договорот е поблизу и трансферот би чинел околу 15 милиони фунти, но Јунајтед прво планира да го заврши трансферот на Ван Бисака во Вест Хем за да може да го договори и трансферот на Мазрауи. И со десниот бек на Баерн Јунајтед одамна постигна договор, па Мазрауи сака веднаш да му се придружи на Јунајтед. Инаку, двајцата играчи се застапувани од агентката Рафаела Пимиента.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |