April 27, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед продолжува со лошите резултати во Премиер лигата сезонава. Иако голот на Хојлунд во 96. минута донесе барем еден бод, чувството е дека тоа повеќе беше избегнат пораз отколку освоен бод. Борнмут прв дојде до водство преку Антоан Семењо во 23. минута, а таа предност ја задржа до крајот на првото полувреме. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да го избегнат уште еден разочарувачки резултат, но барем стигнаа до бод со доцен погодок. Иако домаќините останаа со играч помалку по исклучувањето на Еванилсон во 68. минута, Борнмут се бранеше храбро и организирано во текот на целиот втор дел. Манчестер Јунајтед изврши силен притисок во завршницата, но долго време не можеше да го пронајде патот до мрежата. Сепак, во последните моменти од натпреварот, Расмус Хојлунд ја искористи една од ретките шанси и во 96. минута го израмни резултатот на 1-1, предизвикувајќи ерупција од емоции кај навивачите на Јунајтед. Во рамки на 34. коло од Премиер лигата, овој резултат значеше уште еден кикс за тимот од „Олд Трафорд“. Во наредното коло, Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Брентфорд, додека Борнмут ќе се соочи со тешко гостување кај Арсенал во Лондон.
🚨🏴 GOAL | Bournemouth 1-1 Manchester United | Hojlund HOJLUND HAS EQUALIZED IN THE 96TH MINUTE FOR MANCHESTER UNITED !!!!pic.twitter.com/XDXhwPHrLZ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 27, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |