October 24, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед и во третото коло не успеа да ја запише првата победа оваа сезона во Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ одиграа скромни 1-1 против Фенербахче на Мурињо. Резултатот го отвори Кристијан Ериксен со гол во 15. минута на асистенција на Зиркзе во една прекрасна тимска акција. Домаќините се вратија во игра на самиот старт на вториот дел преку Ен Незири во 49. минута на асистенција на Сен-Максиман. Во првото полувреме повеќе покажа Фенербахче, а беше во негатива, а во вториот дел гостите беа поблизу да го вратат водството, но безуспешно. Јунајтед има три бода во првите три кола, а Фенербахче има пет бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |