Јунајтед сериозно ќе пазарува летово: Го сакаат и Угарте од ПСЖ!

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед сериозно ќе пазарува летово: Го сакаат и Угарте од ПСЖ!

Манчестер Јунајтед преговара со ПСЖ околу нивниот заден везен играч, Мануел Угарте. Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, тие преговарале во последните неколку часа. Има интерес и од други клубови, а ПСЖ е отворен да го продаде ова лето. Воедно, Угарте е отворен за тоа да премине во Јунајтед и покрај тоа што нема да играат Лига на шампиони. Спорер Transfermarkt, тој вреди 45 милиони евра, а во ПСЖ дојде од Спортинг Лисабон за 60 милиони евра лани.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.