Јунајтед сериозно пазарува летово: По Јоро, тргнаа и по Угарте!

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед сериозно пазарува летово: По Јоро, тргнаа и по Угарте!

Мануел Угарте се договорил со Манчестер Јунајтед за трансфер на „Олд Трафорд“. Според информациите на Фабрицио Романо, англискиот клуб ги договорил условите од договорот со играчот од средниот ред на ПСЖ. Јунајтед сега преговара со ПСЖ, а интересно е што Угарте го има истиот агент како Јоро, а тоа е Хорхе Мендес кој е познат како страшен преговарач кој сака сите страни во преговорите да бидат задоволни. Наводно, ПСЖ нема да го продаде својот фудбалер за помалку од 59 милиони фунти. Јунајтед веќе ги ангажираше Зиркзе и Јоро, а преговараат за Угарте, Де Лихт и Брентвајт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.