Јунајтед со пресврт дојде во важна победа против Брентфорд! (ВИДЕО)

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед со пресврт дојде во важна победа против Брентфорд! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа да го победи Брентфорд на домашен терен со 2:1 за каков-таков мир во куќата. Јунајтед повторно одигра бледа партија, но трите бода се тука. Пинок во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол за водство на гостите од 0:1. На самиот старт на вториот дел, Гарначо успеа да го врати Јунајтед во игра на асистенција на Рашфорд. Во 62. минута Расмус Хојлунд успеа да погоди и да ги постави конечните 2:1. Јунајтед сега се искачи на 10. место каде по првите осум кола има 11 бода. Резултати од другите натпревари: Тотенхем - Вест Хем - 4:1 Фулам - Астон Вила - 1:3 Ипсвич - Еверон - 0:2 Њукасл - Брајтон - 0:1 Саутемптон - Лестер - 2:3

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.