Јунајтед спремен да го даде Рашфорд за да го добие Осимен

January 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед спремен да го даде Рашфорд за да го добие Осимен

Манчестер Јунајтед размислува за испраќање на Маркус Рашфорд во Наполи како дел од договорот за доведување на Виктор Осимен на "Олд Трафорд", пренесе англискиот The Sun. Рашфорд кој не добива можност за игра под водство на Рубен Аморим, сè почесто е тема на шпекулации дека ќе го напушти англискиот клуб. Вчера се појавија вести дека три саудиски клубови му понудиле атрактивни договори, со годишна заработка од околу 35 милиони фунти. Сепак, напаѓачот ги одбил овие понуди, бидејќи има намера да продолжи да игра во врвно и натпреварувачко првенство. Јунајтед има амбиција да ја исполни желбата на Рашфорд да остане на високо ниво, додека истовремено би го донел Осимен како големо засилување. Планот вклучува замена на Рашфорд со напаѓачот на Наполи, а дополнителна надеж за реализација на оваа зделка е интересот на Антонио Конте за Рашфорд. Двата клуба веќе имаат успешна историја на соработка, како што беше трансферот на Скот Мектоминеј во Наполи минатото лето. За очекување е Манчестер Јунајтед да треба да доплати неколку милиони бидејќи Нигериецот вреди повеќе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.