Јунајтед тргна по две ѕвезди на Астон Вила

July 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед тргна по две ѕвезди на Астон Вила

Манчестер Јунајтед преговара со Астон Вила за двајца нивни клучни играчи – голманот Емилијано Мартинез и напаѓачот Оли Воткинс. Првата понуда за Мартинез веќе била одбиена, иако аргентинскиот репрезентативец, кој имаше емоционално збогување со навивачите на крајот од минатата сезона, сака нов предизвик. Јунајтед покажал интерес и за Воткинс, но од Вила јасно ставиле до знаење дека напаѓачот е незаменлив дел од тимот. Бирмингемскиот клуб игра тврдо на почетокот од преговорите, па „црвените ѓаволи“ ќе мора сериозно да го одврзат ќесето доколку сакаат да ги доведат двајцата фудбалери на „Олд Трафорд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.