August 7, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед не мирува на трансфер пазарот – иако сè уште не е финализиран трансферот на Бенџамин Шешко, клубот веќе се фокусира на следната потенцијална аквизиција. Овојпат мета е Карлос Балеба, младиот ас на Брајтон, кој во последните две сезони стана незаменлив дел од средниот ред на „галебите“. Според повеќе извори блиски до клубот, новиот стратег на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, токму во Балеба гледа идеално засилување кое ќе донесе свежина и стабилност во срцето на тимот. Првични разговори со агентите на камерунскиот интернационалец веќе биле остварени, а Јунајтед е подготвен да му понуди атрактивни лични услови. Сепак, главниот предизвик ќе бидат преговорите со Брајтон. Раководството на клубот нема намера лесно да се откаже од еден од своите највредни играчи и поставува цена од високи 100 милиони фунти за неговата слобода. Спортскиот директор на Брајтон, Пол Барбер, ја демантираше секоја директна комуникација со Jунајтед, но не ја исклучи можноста за трансфер во иднина. „Карлос е одличен играч и е клучен за нашите планови. Не сме добиле понуда и сè уште нема конкретни разговори. Но, фудбалот е непредвидлив и динамичен – сè може да се промени во секој момент,“ рече Барбер. Балеба се пресели во Брајтон во 2023 година од француски Лил за околу 27 милиони евра. Од тогаш постојано бележи напредок и се наметна како еден од најперспективните млади играчи на својата позиција во Премиерлигата. Освен Манчестер јунајтед, и други големи клубови, како Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал, внимателно го следат неговиот развој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |