May 11, 2025 | | Свет
Лош ден за двата гиганта од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Тотенхем кои продолжуваат со разочарувачкиот финиш на сезоната, откако денеска претрпеа нови болни порази на домашен терен. На „Олд Трафорд“, Вест Хем го искористи падот на формата кај „црвените ѓаволи“ и славеше со 0-2. Томаш Соучек во 26. минута донесе рана предност за „чеканите“, а откако домаќините не реализираа неколку прилики по паузата, Џарод Боуен со голот во 77. минута го запечати исходот и ги замолчи трибините во Манчестер. Ништо подобро не помина ниту Тотенхем, кој во лондонското дерби беше збришан од Кристал Палас. Еберчи Езе блесна со два гола – еден на самиот крај од првото полувреме, а вториот веднаш по неговото продолжение. Со ова Палас запиша голема победа, а Тотенхем остана без вистински одговор и ритам. Во третата средба од денешната програма, Нотингем Форест и Лестер одиграа возбудливо реми 2-2, резултат што никому не му оди во прилог во борбата за опстанок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |